Австриецот Кончита, бивш победник на „Евросонг“ призна дека е заразен со ХИВ вирус !

„Бившиот дечко ми се закани дека ќе ја објави таа лична информација, а јас никому нема да му го дадам правото да ме плаши или да влијае на мојот живот поради тоа“ напишала Кончита на Инстаграм…
Кончита Вурст (20), победничката на Евросонг 2014. година, на “Instagram” објавила дека е заразена со ХИВ вирус. На тоа, вели, била принудена откако нејзиното поранешно момче се заканило дека ќе ја обелодени таа информација.

“ХИВ позитивна сум многу години. Тоа е всушност ирелевантно за јавноста, но поранешното момче ми се заканува дека ќе ја објави таа лична информација, а јас никогаш нема да дозволам некој да ме заплашува или да влијае на мојот живот поради тоа”, напишала Кончита и додала дека се лекува откако ја дознала дијагнозата и дека веќе со години вирусот е под количината која може да се детектира.

 

Кончита нагласила дека досега молчела за тоа од повеќе причини, од кои навела само две. Првата е нејзиното семејство, кое знае се’ и кое отсекогаш ја подржувало. Сакала да ги поштеди од јавните приказни за својата болест. Друга причина е поради тоа што смета дека таа информација е релевантна само за оние со кои би бил можен сексуален контакт.
Пејачката сега се надева дека со својот пример ќе охрабри и други и дека нејзиниот чекор ќе биде напредок против стигматизацијата на луѓето кои “поради своето однесување или однесувањето на другите се заразиле со ХИВ”.

LEAVE A REPLY