Виница продолжува со замена на водоводната линија

Реконструкцијата на водоводната линија во Виница продолжува со предвидената динамика. Од Планираните 10-на улици со овој проект, повеќе од 60% се речиси завршени со исфрлање на старите азбестни цевки, а во моментот екипи на фирмата изведувач “Коп Инженеринг“, работат на најфреквентните улици во градот на Булеварот “Маршал Тито“ како и на улицата “Браќа Миладинови“.со овој проект треба да бидат опфатени 3960 метри од водоводната мрежа во градот.

Комплетното заокружување на овој значаен зафат од работата на новата Локална власт се очекува да заврши до средината на месец мај. Од 42,5 км водоводна мрежа во Виница, со овој, како и со пшретходните неколку проекти се очекува да бидат комплетирани 19 070 метри, така да според надлежните, за замена ќе останат уште околу 4000 метри стари азбестни цевки.

Средствата за ова реконструкција се обезбедени од Европската инвестициона Банка, Министерството за транспорт и врски и општина Виница. Приклучувањето на домаќинствата ќе оди индивидуално, но откако ќе биде спроведена линијата комплетно.

 

SHARE

LEAVE A REPLY