Кит-Го и понатаму најубедлив во третолигашкото првенство

Екипата на Кит-Го пехчево и понатаму е најубедлив тим во третолигашкото првенство. Во рамките на последното коло, пехчевци славеа над екипата на виничка Слога со високи 6:1. Штипска Кежовица одигра возбудлив натпревар со Малеш за конечните 4:3. Светиниколчани беа подобри од рударите во Пробиштип со резултат од 0:2. Екипата на Брегалница Голак ова коло е слободна, поради испаѓањето на Зрновка од лигата.

На табелата и понатаму лидер е Кит-Го со 55 бодови. Втора е Кежовица со 33, пред Малеш со 27, Брегалница Голак со 25, исто колку и Овче Поле. Рудар е претпоследен со 23, а последна е Слога со бод помалку.

SHARE

LEAVE A REPLY