Компаниите да бидат фер спрема потрошувачите, бара Организацијата

Најновиот сертификат во Македонија, наменет за компаниите, презентиран денес во Штип. Се работи за сертификат кој за прв пат се воведува во нашата држава и е наречен „Фер за потрошувачи“.

Него го доделува Организацијата на потрошувачи на Македонија, но за одредена компанија да го добие, освен добра воља за фер односи кон купувачите, мора да исполни и одредени критериуми :

  • На пример дали ги прифаќа поплаките, дали ги евидентира, дали ги решава поплаките, дали води регистар на примени и решени поплаки и слично, кажа Михајло Коневски, Организација на потрошувачи на Македонија.

Активностите на ОПМ се дел од поголем проект, чија цел е подбрување на комуникацијата меѓу фирмите и нивните потрошувачи.

Во дел од активностите ќе бидат вклучени и конкретни фирми, а три од нив овој сертификат ќе го добијат бесплатно :

  • 28 компании ќе бидат посетени, 10 од нив ќе поптишат меморандум за соработка и ќе добијат сертификат, а 3 од нив истиот ќе го добијат бесплатно, истакна Коневски.

За сертификатот „Фер за потрошувачи“, компаниите кои не се дел од проектот ќе може да аплицираат по неговото завршување во 2019-та. Истиот се добива од 45-70 дена и компаниите ќе ги чини од 400-1000 евра.

SHARE

LEAVE A REPLY