Пола Грци сметаат дека поимот “Македонија” мора да биде делод новото име !

Половина од анкетираните Грци (50%) сметаат дека заемно прифатливо решение за името со севкупна употреба е во служба на грчките интереси, а исто толку (51%) оценуваат дека Грција не може да постигне договор без да биде вклучен термин „Македонија“ во името,  покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата ALCO за грчкиот информативен портал News247.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на прашањето до анкетираните „дали сметаат дека Грција во преговорите би можела да постигне име без зборот Македонија“, 51% одговараат негативно, 31% позитивно, а 18% не знаат или одбиле да одговорат.

Еден од двајца Грци (50%) смета дека заемно прифатливо име за севкупна употреба подобро би им служело на грчките интереси, наспроти 32% кои го одбрале одговорот дека е подобро да остане непроменет актуелниот статус. Останатите (18%), не знаеле или одбиле да одговорат.

LEAVE A REPLY