Природа и здравје – Глог против вртоглавица

Вертиго или вртоглавица – обично се случува со ментално или физичко прегревање (особено во пролетта). Обично  е придружена со т.н. ладно потење, гадење, нетолеранција на светлина и брзо отчукување на срцето.

Ако сте во ваква состојба, имајте на ум дека не треба да останете долго време пред телевизор и компјутер. Се препорачува при вртоглавица да останете во седечка или лежечка позиција, вака побрзо ќе се смири.

За оние кои често имаат ваков проблем, народната медицина го нуди следниот рецепт. Измешајте 100 грама сок од лимон, 50 г. глог, 20 грама корен од валеријана. Две лажици од овој коктел се меша со 400 ml врела вода и се готви  2 часа. Напивката се пие 3 пати на ден пред оброк.

SHARE

LEAVE A REPLY