Денес последен ден за старите и книжни пари од 10 и 50 денари !

Уште денес ќе важат хартиените банкноти од 10 и 50 денари, по што ќе бидат заменети со полимерни. Дизајнот ќе остане ист, а издржливоста се очекува да биде многу поголема.

Од Народната банка на Македонија велат дека ова е вовед кон целосна полимеризација на банкнотите во Македонија, пред се заради намалување на трошоците, како и во други земји.

Но граѓаните се чини се само делумно информирани за промената како и за тоа дека од утре па до мај 2019 година ќе можат старите хартиени денари, во употреба веќе 25 години, да ги заменат во банките за нови, пластифицирани.

LEAVE A REPLY