Дејвид Бекам разочаран од синовите, оти никој од нив не сака да биде фудбалр !

Британскиот фудбалер Дејвид Бекам призна дека неговите тројца синови му го скршиле срцето затоа што ниту еден од нив не сака да се занимава со фудбал.

Бруклин, Ромео и Круз додека биле помали тренирале во фудбалската школа на Арсенал, но штом пораснале сфатиле дека фудбалот не ги интересира. Сепак, Бекам се радува затоа што неговата ќерка Харпер сака фудбал и секоја недела има по еден натпревар.

„Харпер има смисла за убава игра и сака да игра, а синовите не сакаат. Тоа ми падна многу тешко, ми го скршија срцето“, рекол Бекам.

Најстариот син Бруклин студира фотографија во Њујорк.

LEAVE A REPLY