Инцидент во Министерството за одбрана во Пробиштип. Фрчеле закани и ќотек

Инцидент во Министерството за одбрана во Пробиштип. Фрчеле закани и ќотек.

Настанот се случил пред крај на работното време, кога тамошен вработен влегол во една од канцелариите каде се евидентира редовноста на работа . Таму, 45-годишник вработен во секторот туризам и услуги, пцуел , се заканувал дека ќе ги убие сите присутни, по што на еден од нив му удрил и жестока шлаканица.

Поголема ескалација спречила реакцијата на колегите од останатите канцеларии, по што случајот е пријавен во полиција.

Ова не бил прв инцидент предизвикан од ова лице во пробиштипската подрачна единица на Министерството за одбрана. Од полицијата информираат дека лицето е повикано на разговор, а по целосно комплетирање на случајот ќе следува и пријава.

 

SHARE

LEAVE A REPLY