НАТО со бомбардирањето на Србија со осиромашен ураниум придонесе за зголемување на ракот кај луѓето !

Српската Комисија за утврдување на последиците од НАТО-бомбардирањата ќе добие прецизни инструменти за одредување на присуството на ураниум во животната средина, ќе ја испитува причината за порастот на малигните заболувања, машкиот и женскиот стерилитет, генетските нарушувања.

Веќе две децении некои експерти укажуваат на кобната поврзаност меѓу НАТО-бомбардирањата и порастот на бројот на заболените од рак во Србија. Нивните предупредувања, апели и иницијативи конечно наидоа на позитивен одглас, вели Политика.

Формирањето на Комисијата за утврдување на последиците од НАТО- бомбардирањата е првиот чекор во откривањето на вистината за загадувањето на почвата, водата и на воздухот со честици на осиромашен ураниум.

Тимот експерти што ќе работат на овој проект ќе добијат пари од државата за набавка на мошне прецизни инструменти, кои ќе го одредуваат присуството на ураниумот во нашата животна средина. Тие ќе се обидат да ја расветлат причинско-последичната врска меѓу НАТО-бомбите и порастот на малигните заболувања, машкиот и женскиот стерилитет, зголемениот број на мажите што немаат сперматогенеза, поточно не се во состојба да произведуваат зрели репродуктивни клетки.

Комисијата ќе се занимава со долгорочните последици од бомбардирањата и ќе се обиде да одговори на прашањето дали потомците ќе раѓаат деца со разни, мошне ретки, психофизички нарушувања.

LEAVE A REPLY