5 медали за Осенсеи на Будва Опен 2018

5 медали е епилогот од настапот на штипскиот џиу-џицу клуб Осенсеи на Меѓународниот турнир „Будва Опен 2018“.

Со злато се закитија Станислав Грпов во У-15 во категорија до 37 килограми и Данил Николиски во истатат категорија, но во У-12.

Кирил Иванов до 77 килограми во сениорска конкуренција беше сребрен, исто како и Вангел Белтасев во У-12 во категорија до 34 килограми.

Единствена со бронза во Штип се врати Нина Таскова во категорија до 64 килограми.

SHARE

LEAVE A REPLY