Алармантни податоци. Секој 9-ти млад човек е нарко зависник

Алармантни податоци. Секој 9-ти млад човек е нарко зависник. Ова го покажувата истражувањата направени од страна на студенти од Правниот факултет во Штип кои работеле на тема „Злоупотреба на опојни дроги“:

  • 11% од младите користат опојни дроги, а најчесто користени опојни дроги се марихуана, хероин и кокаин, презентираше дел од податоците Ангела Димовска, студент на Праван факултет – Штип.

За само две години, процентот на корисници на т.н. силни дроги е зголемен од 2 на 12, покажувата истражувањата:

  • Споредено со 2015 година кога го правевме претходното истражување, сега има огромно зголемување на бројот на испитаници кои кажаа дека користат т.н. силни дроги , објасни Соња Стојчевска, студент на Праван факултет – Штип.

Дури 40 % од анкетираните биле на став дека пристапот до опојни дроги е многу лесен, а голем процент од оние кои користат дрога, се во слично друштво:

  • Околу 60 % од испитаниците кажаа дека имата член на фамилијата или близок /далечен познаник кој исто така користи дрога, рече СтрашкоСтојановски, универзитетски професор.

Овие податоци беа презентирани дененс на Правниот факултет. Истите  треба да бидат основа за континуирано следење на состојбата со користење на дрога, но и поттик за сите надлежни на ова поле, да преземат нешто под итно.

 

SHARE

LEAVE A REPLY