ВИДЕО: Албанци за 20.000 долари фалсификувале лажни американски пасоши и визи !

Албанската полиција во соработка со полиции од неколку земји разби голема група фалсификатори на пасоши и визи за САД. Во акцијата се уапсени 41 лице – најголемиот број од фалсификаторите се од Тирана и други градови во Албанија. Албанската полиција соопшти дека во групата фалсификатори имало и двајца припадници на полицијата.

Во соопштението на полицијата и обвинителството се оценува дека акцијата наречена „272“ била помогната и од странски служби. Истиот извор наведува дека се откриени 2 лаборатории за фалсификување пасоши и визи на САД во Албанија, додека седум се откриени во Грција, од страна на грчките власти.

Групата фалсификатори добивала по 20.000 долари за пасош и виза. Апликантите со фалсификувани пасоши од Албанија, Црна Гора, Грција, Франција и Норвешка се упатувале кон САД, Канада и Велика Британија.

LEAVE A REPLY