ВИДЕО: Бугарин ја платил годишната “винетка“ со две ќесиња стотинки кои ги броеле два часа !

Два часа, службеничките му ги броеле двете ќесиња со метални стотинки на бугарскиот државјанин Николај Василев од Велико Трново со кои си ја платил годишната винетка.

Сумата од 97 лева или околу 45 евра, им ги платил со околу 6500 метални пари ! Ова го направил во знак на протест, затоа што бугарските патишта му биле полни со дупки.Иако прилогот е од јануари 2018, сепак е поучен.

Инаку пред некој ден, објавена е слична сторија од варна, каде стопанственик ја платил сметката за струја во левови. Тука било уште пострашно, бидејќи станува збор за долг од 2000 левови. Бизнисменот Стојко Стојков, дошол со неколку канти со парички со вкупна тежина од 50 килограми. И луѓето во бугарското ЕВн морале да борјат со часови…

LEAVE A REPLY