Виница од Јапонија бара пари за два проекта

Виница од Јапонската влада бара пари за реализација на две проекта од областа на образованието:

  • Првиот проект се однесува на реконструкција на кровот на ОУ „Никола Парапунов“ , а вториот е за реконструкција на ОУ „Гоце Делчев“, кажа Ивица Димитров, градоначалник на о. Виница.

Поддршка за виничките проекти, градоначалникот денес побара и од јапонската амбасадорка која дојде во посета на Општината:

  • Ми беа презентирани можностите на вашата општина, како основа за идна соработка. Јапонија е насочена да помогне за подобрување на состојбата на луѓето во различни држави, изјава Кеико Ханеда, амбасадор на Јапонија во Македонија.

Дел од агендата на амбасадорката беше и отворањето на изложба  на дела на јапонска графика од мајстори на дрворез од периодот на 17 век:

  • Тоа е една древна јапонска техника на изработка на графики. Истата се заснова на изработка на дрворези, објасни Фросина Зафировска, дир. на Музеј на град Скопје.

Ова е исклучително ретка можност за промоција на древниот јапонски дрворез, надвор од Јапонија:

  • Ние ја имаме таа чест и привилегија да можеме да ја видиме изложбата, кажа Јулијана Иванова, дир. на Музеј Теракота – Виница.

Инаку, делата кои беа изложени во Виница се сопственост на Музејот на град Скопје, а подарок од првиот почесен конзул на Јапонија во Македонија, Коста Балабанов.

SHARE

LEAVE A REPLY