ВМРО обвинува за скандал тежок 16,5 милиони денари во Штипската клиничка болница. Го средивме проблемот со бактериолошки неиправната храна, вовзврати Георгијев

ВМРО обвинува за скандал тежок 16,5 милиони денари во Штипската клиничка болница. Според нив, новата пакувана храна која од неодамна почна да се дели во болницата не ги задоволнува стандардите за квалитет и квантитет:

  • Од понеделникот, храната во болницата ја доставува приватна компанија која го доби најголемиот тендер во Штип, во износ од 16.520.000 денари. Согласно условите предвидени во тендерот за набавка на храна, пациентите за појадок  требаше да добијат – леб, путер, мармалад, топено сирење, корнфлекс и стерилизирано млеко. Наместо погоре наведеното, пациентите во штипската болница го добија ова! Но, не само еден ден, согласно тендерот, пациентите оваа храна ќе ја добиваат дури 5 пати во неделата, кажа на прес Љубе Здравков, советник во СО – Штип.

ВМРО имаа забелешки и за начинот на  подготовка и транспорт на храната:

  • Дали компанијата која го доби тендерот има воведено ХАСАП систем за производство на храна, ако знаеме дека вака изгледа местото од каде потекнува храната? Дали, компанијата е регистрирана како кетеринг кујна? Дали транспортот на храната се врши согласно препораките на Агенцијата за храна и ветеринароство или со овој обичен пик ап, кој не ги исполнува елементарните услови за транспорт на храна? И за крај, како е возможно тендерот од 270.000 евра за готови оброци за болнички пациенти да го добие компанија која е ќерка фирма на градежна компанија и која ниту има искуство со производство на храна за комерцијални цели, ниту е регистрирана како кетеринг кујна, праша Здравков.

Болницата за првпат го реши проблемот со квалитетот на храната. Досега истата се приготвуваше во субстандардни услови и, во одредени периоди,  беше со бактериолошки неиправни наоди, возврати директорот на болницата Ален Георгијев:

  • Очекував дека ќе имаат пофални зборови за овие два настана, поправката на ангиографот и уште поважно почетокот на делење на пакувана храна. Нема да ги коментирам нивните наводи, но ќе кажам дека јас не сум должен да истражувам дали некоја фирма е нечија ќерка или син. За таа работа си има институции. Ја добивме најевтината понуда од сите 6. Најскапата понуда беше 36 милиони денари, а оваа понуда заврши со 14 милиони денари. Ова афирма која го доби тендерот има уредна дозвола од Агенција за храна и ветеринарство, за вршење на дејноста за која е ангажирана и има сопствено возило. Пацеинтите ќе го видат благодетот и начинот како ќе изгледа храната која ќе ја добиваат. Не сум љубител на слики, но ако покажам каде досега се подготвуваше храната, како се транспортираше и кој с еја делеше, верувам дека на многумина нема да им биде пријатно, вопзврати д-р Ален Георгијев, дир. на Клиничка болница – Штип.

SHARE

LEAVE A REPLY