Во понеделник започнува изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш

Во понеделник започнува изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш.

Патот ќе го гради австриската фирма „Штрабаг“. Компанијата е избрана за најповолен понудувач на меѓународниот тендер објавен од Европската банка за обнова и развој. „Штрабаг“ доставила најниска понуда во вредност од 1,7 милијарди денари за изградба на патниот правец во должина од 23,5 километри. Идниот патен правец ќе се состои од две коловозни ленти со широчина од 3,5 метри и две ленти за застанување од по 2 метри.

Инаку, изградбата на експресниот пат од Штип кон Радовиш треба да заврши во рок од 36 месеци. Станува збор за целосно нова траса на потег од селото Софилари до клучката Бучим, за која се обезбедени финансиски средства со кредит од ЕБОР.

Идниот изведувач на градежните работи ќе има обврска и да го одржува патниот правец од клучката Три Чешми до клучката Радовиш во период од пет години.

Поради почетокот на градежните работи им се препорачува на сите возачи  внимателно движење, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација.

SHARE

LEAVE A REPLY