Манев со репрезентативен настап. Македонија славеше над Бугарија

Дефанзивецот на Осогово, кочанчанецот Јован Манев забележа уште еден репрезентативен настап за селекцијата на Македонија за играчи до 18 години, предводена од селекторот Добринко Илиевски.

Манев денес настапи во пријателскиот меч против Бугарија кој се одигра на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ.

Македонија во контролниот натпревар славеше убедлива победа над нашиот источен сосед со резултат од 3-0.

Дефанзивецот на Осогово, Манев на денешната средба во игра влезе како замена во 50. минута. Веќе в четврток Македонија и Бугарија повторно ќе си ги одмерат меѓусебните сили.

SHARE

LEAVE A REPLY