Неексплодирана рачна бомба пронајдена во ѕид во куќа во Русиново

Неексплодирана рачна бомба е пронајдена во ѕид во куќа во Русиново. Бомбата излегла на виделина, кога сопствениците сакале да реновираат дел од куќата. Во празнина во ѕидот, наместо очекуваното грне со злато, нашле рачна бомба.

Веднаш е известена полицијата, а експертите утврдиле дека станува збор за бобма од Втората светска војна.

Истата е подигната од страна на стручно лице од Дирекција за заштита и спасување.

SHARE

LEAVE A REPLY