Природа и здравје – Лош здив, причини и решение

Лошиот здив секогаш е посочуван како еден од најнепријатните и најодбивните проблеми. Тој предизвикува срам, вознемиреност и дискомфор при воспоставување на блиски контакти. За жал, лошиот здив е многу чест проблем со кој сите се имаат соочено во одреден период од животот. Добрата вест е што за него постојат едноставни решенија.

Кога луѓето сакаат да проверат дали имаат лош здив, најчесто ги поставуваат дланките пред устата, дуваат во нив и се обидуваат да го помирисаат својот здив. Но, овој метод е бескорисен ако навистина сакате да го оцените вашиот здив.

За да добиете пореална претстава како другите го доживуваат вашиот здив, направете го овој тест: Кратко притиснете го јазикот на зглобот на раката, а потоа почекајте околу 10 секунди за да се исуши плунката. Доближете го носот и вдишете. Доколку не ви мириса убаво, тогаш побарајте начин да си ја освежите устата.

Утврдивте дека имате „миризлив“ проблем? Не се загрижувајте, затоа што постојат многу едноставни начини да ја освежите вашата уста и да го отстраните лошиот здив.

Одржувајте ја оралната хигиена правилно и редовно.  Четкајте ги забите со паста барем двапати дневно. Четкајте го јазикот, горниот дел од усната празнина и внатрешната страна на образите. Користете забен конец, менувајте ја четката за заби на секои 3-4 месеци и редовно посетувајте стоматолог.

Пијте многу вода. Сувата уста е една од најчестите причини за појава на непријатен здив. Освежете се со гума за џвакање без шеќер. Престанете да пушите ако сакате подобар здив, намалете ја консумацијата на кафе и алкохол. Пијте јогурт, а стојте понастрана од лукот и кромидот. Јадете магдонос. Тој веднаш ќе ви го подобри здивот.

 

SHARE

LEAVE A REPLY