Природа и здравје – Здраво и брзо топење на килограмите

Температурите растат, а нашето тело останува без парчињата облека кои покрај тоа што не топлеа изминатиов период, ги прикриваа и вишокот килограми наталожени во текот на зимските денови.

Време е за акција за согорување на вишокот, а по рецептот кој ќе ви го понудиме денес „полудеа“ милиони луѓе кои го пробале. Ако ги искомбинирате вистинските намирници, рзултатот ќе биде одличен – вели Питер, кој воедно е „креатор на напитокот“, а ова е неговиот рецепт за кој тврди дека ќе ви донесе стомачни за кои отсекогаш сте сонувале.

Потребни се: 1 цвекло, 3 моркови, 5 стапчиња целер, 1 рака свеж спанаќ, 1 јаболко, 1 краставица, 1 рака ротквици, 1 корен свеж ѓумбир и 1 лимон. Се што треба да направите е да ги ставите сите состојќи во блендер и тоа е се. Од наведената количина намирници се добива 500 милилитри сок, а Питер советува да се пие науто на празен желудник.

Овој рецепт за слабеење има околу 3 милиони прегледи на Јутјуб, а луѓето се колнат дека со негова помош се губат килограмите.

SHARE

LEAVE A REPLY