Природа и здравје – Здравје скриено во стапалата

Лекарите во древна Кина одамна утврдиле дека стареењето на телото започнува од стапалата. И пред се – од петиците.

Според каноните на древната кинеска медицина, активните точки се центрирани на потпетиците кои се одговорни за правилно функционирање на сите органи. И ако потпетиците се “неудобни”(ова особено се однесува на женските штикли), тогаш целото тело страда. Резултатот  е  стареење на секој орган.

Еве ги советите за одржување на здравите нозе.

Неопходно е да се оди бос, на пети, како и на внатрешната и надворешната страна. Не е доволно да се оди бос само дома. Според кинеската медицина треба да се оди без чевли на ливади, шумски пат, морски брег. Така се подобрува циркулацијата и на тој начин се обновува функционирањето на внатрешните органи.

Исто така, добра идеја е редовно да се масира специјалната точка на лакот на нозете јун-цјан. Таа точка е  веднаш под прстите во средината на лакот на стапалото. Можете да направите сува масажа – притиснете ја точката 20 пати без одмор (прво на едното стапало и потоа на другото). Масирајте наутро и навечер, а за ова не е потребна дополнителна сила.

SHARE

LEAVE A REPLY