Природа и здравје – Лек против болка во уво

Народната медицина изобилува со рецепти против болка во уво. Во Македонија често се користи „чувар куќа“, растение кое го има речиси во секој двор. Има и други алтернативи, а една од нив е и следнава. Потребно ви е:

3 чешниња лук, капалка / пипетор, маслиново масло, газа .

Чешнињата лук исчистете ги од лушпата, исцедете го нивниот сок и измешајте го со маслиновото масло, па оваа содржина ставете ја во шишенце.

Доколку чувствувате болка, капнете 2 капки во увото и одморете додека не се впие, а потоа прекријте со газа за содржината да не истече.

SHARE

LEAVE A REPLY