ВИДЕО: Актерот Том Круз скокнал од височина од седум километри на снимањето на новиот дел на „Невозможн мисија“!

Том Круз направил скок со слободен пад од 7 километри и отворање на падобран едвај на 600 метри од земјата за време на снимањето на последниот филм „Mission: Impossible – Fallout“. Се верува дека ова е првиот случај во историјата во кој актер исполнил т.н. „HALO“ скок за потребите на филм.

HALO е кратенка од High Altitude Low Open (скок од голема височина и отварање на падобран ниско над земјата). Тоа е скок, кој се користи првенствено од специјалците, со цел командосите да не бидат пресретнати при пенетрација во непријателска територија.

Познат по тоа што прави лично некои од најопасните акробации, 55-годишниот Круз се подготвувал во специјално изработена просторија. Во неа ротори, монтирани на дното, создаваат моќен проток на воздух, откако имитираат опасен спуст.

За време на скокот има ризик од декомпресирачка болест, а телото паѓа со 320 км / ч, поради што се користат специјални костими и шлемови.

Минатата година во друг скок за Mission: Impossible – Fallout (филмот излегува на 27-ми јули) Круз се удри во карпа и си го скрши глуждот.

LEAVE A REPLY