ВИДЕО: Мајк Маерс и Џејми Ли Кертис повторно во „Ноќ на вештерките“ !

Долго очекуваното продолжение на франшизата „Halloween“ повторно се враќа на местото каде што започна – во градот Хадонфилд.

Во главната улога се враќа легендарната Џејми Ли Кертис, која славата ја стекна преку оригиналниот „Halloween“(Ноќ на вештерките).

Франшизата продолжува 40 години по оригиналниот филм и ги „брише“ сите останати продолженија од меморијата. Новиот трејлер ги покажува првите снимки од филмот, откако на почетокот на годината добивме само тизер за него.Премиерата е закажана за 19 октомври оваа година.

LEAVE A REPLY