За еден месец треба да заврши реконструкцијата на патот Кочани – Делчево

За еден месец треба да заврши реконструкцијата на патот Кочани – Делчево. Над 90 отсто од оваа делница се завршени и останува уште сосема мал дел за нејзино комплетирање:

  • Патот е во должина од околу 30 километри, вредноста е 6 милиони евра. По неговата должина има 18 мостови. Остануваат да се направат уште околу 2,5 километри, изјави Зоран Китанов, дир. на ЈП за Државни патишта.

Реконструкцијата на ова делница е исклучително важна, зашто води кон меѓународна граница:

  • Одовде води патот кон Бугарија, што овој дел го прави исклучително фреквентен, кажа Николчо Илијев, градоначалник на Кочани.

Околу 14,3 километри од оваа делница минуваат низ општина Виница:

  • Сведоци сме дека овој дел е најкритичен поради честите одрони и реконструкцијата е исклучително важна. Да истакнам дека дополнително набавивме околу 52 милиони за реконструкција на патот кон Бигла, потенцираше Ивица Димитров, градоначалник на о. Виница.

Ова е само дел од инфраструктурните инвестиции планирани за овој дел од државата:

  • Вкупно ќе се инвестираат 70 милиона евра, ќе се гради патот Кочани-Пониква; Штип – Кочани и обиколницата околу Кочани, истакна Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Министерот минатата недела го означи стартот на работите на изградба на експресниот пат Штип – Радовиш, а денес најави дека до крајот на август треба да заврши и тендерската постапка за изградба на вториот дел од експресниот пат Штип – Кочани, односно денот од Крупиште до Кочани.

SHARE

LEAVE A REPLY