Добра новина. Од септември за прв пат, училиштето „Гоце Делчев“ ќе воведе продолжен престој

Од септември, за прв пат се воведува продолжен престој во штипската деветолетка „Гоце Делчев“. Бесплатно ќе бидат згрижени ученици во текот на целиот ден, а предност ќе им се даде на најмладите од прво до трето одделение :

  • Сите ученици ќе бидат згрижени од 07:00 до 16:00 часот секој ден. Морам да нагласам дека приоритет ќе имаат учениците од прво одделение, затоа што капацитетот ни е 30 деца, најави Трајче Димов, дир. на ООУ „Гоце Делчев“ – Штип.

Ова меѓу другото го најави директорот Димов, при резимето за работата на институцијата изминатава учебна година. Во меѓувреме, се работи и на планот, ова училиште да стане мултиетничко во вистинската смисла на зборот :

  • Во соработка со локалната самоуправа донесовме нова реонизација, која беше изгласана од Советот на општина Штип и Правилник за упис на ученици во прво одделение. Со дополнителни мерки се надевам дека во наредниот период ова училиште ќе биде вистинско мултиетничко, дополни Димов.

Исто така, се работи и на подобрување на условите за учење и работа. Наскоро, со помош на Германската амбасада ќе се опремат повеќе кабинети, а желба на сите е ова училиште да стане прво дигитално училиште во општината :

  • Успеавме да аплицираме на проектот на јавниот повик од ИПА Програмата, за да станеме првото дигитализирано училиште во Источниот плански регион, истакна Димов.

Директорот Димов изминтата учебна година ја оцени како успешна, а доказ за тоа се и големиот број на освоени награди на учениците на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари.

SHARE

LEAVE A REPLY