Стефан Коцев потпиша двегодишен договор со Силекс

Кратовски Силекс го доби своето четврто засилување од крајот на сезонава, откако штипјанецот Стефан Коцев, потпиша двегодишен договор со прволигашот.

Коцев во Кратово заминува од редовите на косовскиот премиерлигаш Лирија од Призрен, а претходно таму допатува по крајот на ланската сезона, кога неговата екипа, штипска Брегалница, испадна од Првата фудбалска лига.

Пред засилувањето со 24-годишниот десен бек, Силекс се засили и со Филип Младеновски, Французинот Мбела и Србинот Спасоје Стефановиќ.

SHARE

LEAVE A REPLY