8 медали за кочански Гладијатор на Државното џудо првенство за пионери и јуниори

На Државното првенство за пионери и јуниори, чиј домаќин беше Битола, во конкуренција од околу 180 натпреварувачи, кочанскиот џудо клуб Гладијатор со своите 8 натпреварувачи имаше 100 процентен учинок и во Кочани донесе 2 златни и 6 сребрени медали.

Со златни медали се закитија Стефанија Павлова и Филип Станојков, додека сребрени беа Дамјан Крстоски, Андреј Давитков, Филип Манасиев, Христијан Павлов, Андреја Минова и Емилија Станојкова.

Веќе следниот викенд кочанските гладијатори со 4 свои натпреварувачи ќе настапат на семинар во Прилеп, кој ќе го води олимпиецот Славко Обадов.

SHARE

LEAVE A REPLY