Бобан Николов со понуда од руски Краснодар?

Штипскиот фудбалер, Бобан Николов, кој се натпреварува за екипата на унгарскиот шампион Видеотон и постигна клучен гол за оваа екипа да успее да доминира над лутиот ривал Ференцварош, сега станал дел од понуда вредна 1,5 милиони евра од рускиот тим на Краснодар, пишува еден од македонските весници.

Според весникот, за Николов биле заинтересирани повеќе европски клубови, но неговиот првичен став бил дека нема да ја напушти екипата на Видеотон и наредната сезона, со оглед на тоа дека унгарскиот шампион ќе има настап во Лигата на шампионите.

SHARE

LEAVE A REPLY