Бугарија. Двајца пилоти загинаа при рушење на воен хеликоптер во Пловдив !

Двајца пилоти загинаа, а еден член на екипажот е повреден кога бугарски воен хеликоптер се урна во воздухопловната база кај бугарскиот град Пловдив, соопшти Министерството за одбрана.

Хеликоптерот од руско производство „ми-17“ летал 50-ина метри над базата Крумово кога се урнал околу 20.30 часот по локално време, се наведува во соопштението, со напомена дека истрагата за инцидентот е во тек.

Минатата година воен хеликоптер се урна во Црното Море кај бугарскиот брег за време на тактички вежби, при што загина еден офицер, а двајца беа повредени.

LEAVE A REPLY