Жителите на Истокот поделени околу можноста да живеат во држава Република Северна Македонија

Жителите на Истокот поделени околу можноста да живеат во држава Република Северна Македонија. Откако вчера беше соопштено дека Заев и Ципрас го договориле терминот Република Северна Македонија за ново име на државата, со македонска националност и македонски јазик, денес тоа е главна тема меѓу народот.

Еве што за предлогот мислат анкетирани жители на Штип:

  • Не е добро, каква Северна Македонија, ние си имаме име, рекоа дел од анкетираните во Штип.

Каков е ставот на виничани:

  • Не е убаво, ама ние сме мала држава, не сме факрор на одлучување, сметаат дел од виничани.

Можност да си го кажат својот став граѓаните имаа и во емисијата Што мисли народот:

  • Не е исто Република Македонија и Република Северна Македонија, се ќе се смени, кажа гледач во  емисијата Што мисли народот.
  • Идентитетот ни останува македонски, националноста, и јазикот ни останува македонски, што сакаме повеќе од тоа, смета дгуг гледач на емисијата.

Инаку, договорот меѓу Македонија и Грција допрва треба да се потпише, но за негово целосно прифаќање граѓаните ќе треба да се изјаснат на референдум. Истиот се очекува да биде распишан на есен.

SHARE

LEAVE A REPLY