Заеднички тренинг на Балканец и Спартак

Штипскиот борачки клуб Балканец и кочанскиот борачки клуб Спартак одржаа заеднички тренинг, како дел од соработката на Балканец со сите останати македонски борачки клубови, откако и пред недела дена одржаа заеднички тренинг со радовишки Бучим. Но, мотивите за тренинг во Штип на кочанчани се поголеми. Спортската сала во која тренираат кочанските борачи викендов беше поплавена.

  • Имаме големи проблеми, санитарните чворови прокиснуваат, таванот прокиснува, веројатно е лошо конструиран кровот. Во салата ништо не е инвестирано, еве јас сум претседател веќе 3-4 месеци, а не знаеме од каде да почнеме, вели Звонко Ѓоргиев, претседател на БК Спартак.

Но проблематична не е само штетата од поплавата, туку и ризикот од поголеми проблеми.

  • Таванот како што гледате е целиот влажен. Има струја, може да се случи и поголема опасност, да настане некој поголем проблем. Паркетот треба да се смени, душеците се веќе полни со вода, треба да се формира комисија и да се процени штетата, констатира Ѓоргиев.

Од Спартак апелираат до локалната самоуправа и бизнис секторот, да му помогнат на еден од најстарите македонски боречки клубови да ги надмине тешките денови и да ја санира штетата.

Она што може да се нарече и спортски потег на денот е тоа што штипјани срдечно им посакаа добредојде на кочанските борачи, тренингот да го обават во Балканец, а раководството на Спартак да добие поголем простор за решавање на горливиот проблем.

SHARE

LEAVE A REPLY