За шест месеци – 22, 5 милиони денари за инфраструктурни проекти во Кочани

Кочани  од државата доби 4 милиони денари за реконструкција и изградба на улици. Станува збор за средства од буџетот за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.

Средствата ќе бидат наменети  за изградба на дел од улицата „Блаже Поп Арсов“ и за реконструкција на улиците „Стамен Манов“, крак 1 исток и „Славчо Стоименов“.

„… Оваа поддршка од Владата на Република Македонија претставува поттик за нашата  локална политика со која посебен акцент ставаме на подобрување на инфраструктурата како во градот, така и во населените места. Продолжуваме со изработка на нови проекти, со што ги зголемуваме шансите за пристап до нови средства како од централната власт, така и од  фондовите на Европската Унија …“ стои во соопштението од општина Кочани.

За шест месеци, за инфраструктурни проекти за Кочани се наменети близу 22 милиона денари од Владата: 13,5 милиони денари за реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“,  3 милиона денари за изградба на кракови на улицата „Стамен Манов“,  2 милиона за дел од патот Крушка – Полаки и најновите, 4 милиони денари за улици во Ромското Маало.

SHARE

LEAVE A REPLY