Каменос излегува од коалицијата – Ципрас ќе се соочи со можен пад на Владата ?!

Актуелниот министер за одбрана на Грција Панос Каменос, како што пренесуваат дел од медиумите од регионот , ќе ја напушти коалицијата со партијата на премиерот Алексис Ципрас поради незадоволството постигнато со договорот со Скопје, и така ќе ја урне грчката влада.

Каменос е основач на десно ориентираната Партија на „Независни Грци“ која уште на старт се спротиви на било каква одлука со зборот Македонија во решение за спорот околу името.

Дел од медиумите во регионот брифираат дека, тој своето противење на договорот Северна Македонија да биде дел од името ќе го истакне со излегување од коалицијата и уривање на владата со што ќе ја забави ратификацијата на постигантиот договор меѓу Скопје и Атина.

Потсетуваме, дека премиерот на Грција и Македонија постигнаа договор Република Северна Македонија да биде новото име, а официјализација на договорот најавија за претстојниот викенд, најверојатно во Преспа.

LEAVE A REPLY