Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Свети Николе. За награди на вработени исплатил 120.000 денари народни пари

Поранешниот градоначалник на Свети Николе е со нова кривична пријава од полицијата. Овој пат е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување.

Тој , стои во извештајот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе донел решенија за награда на шест административни службеници од општина Свети Николе. На нив, вкупно како награда им се исплатени 120.000 денари или по една просечна плата за секој.

Сепак, градоначалникот претерал со наградувањето, зашто согласно член 65 став 4 од Законот за административни службеници со оценка „А“ може да бидат оценети најмногу 5% од вработените. Во случајот на Свети Николе, каде има вработено 34 административци, градоначалникот можел да награди, само двајца, а не шестмина како што одлучил тој.

Поради ова, убтрдено е дека градоначалникот ја оштетил општината за сумата која како бонус им е исплатена на наградените вработени.

SHARE

LEAVE A REPLY