Над сто илјади евра штета, направиле вандалите

Над сто илјади евра штета, направиле вандалите на над 30 спомен бисти и обележја во Штип. Катастрофалната состојба предизвикана од вандалскиот чин, ги алармира членовите од општинскиот сојуз на борци, веднаш да ја санираат состојбата…

  • И затоа ние формиравме комисија, да ги фотографира оштетените споменици и да изготви албум. Ова ке би де предадено на градоначалникот, бидејки спомениците се во надлежност на Локалната самоуправа, за нивно оддржување. таа да превземе мерки за да се санираат тие состојби, изјави Трендафил Атанасовски – претседател на ОСБ – Штип

Вистинската адреса за реконструкција и реставрација на оштетените спомен бисти и обележја е Државниот Завод за заштита на културното наследство, информира за Тв Стар, екс  деканот, сега професор на ФОН при УГД, Никола Смилков, , син на познатиот штипски вајар, инаку, автор на над 90 отсто од спомен бистите во Штип, Александар Смилков. Инаку, од три до шест илјади евра изнесува изработката на една спомен биста. Степенот на оштетеноста на спомениците точно ке ја дефинира сумата потребна за санирање на состојбата. Грубата пресметка надминува сто илјади евра.

Од друга страна, денови се во прашање,  за активирање на иницијативата за обнова на уништените обележја од поновата историја на Штип, сметаат борците. Не ја исклучуваат идејата за ангажман и на Агенција за обезбедување, бидејки пресметките ја даваат економската оправданост, се слуќна на денечната шеста седница на Претседателството на штипската боречка асоцијација.

 

 

SHARE

LEAVE A REPLY