Паунов и Жоглев со Македонија се пласираа во следната фаза од квалификациите

Фудбалерите на Осогово, Драган Паунов и Владимир Жоглев, беа дел од успехот на аматерската фудбалска селекција на Македонија кој се пласира во следната фаза од квалификациите на УЕФА Купот.

На турнирот кој изминатите денови се играше во Велс, нашата селекција заврши како првопласирана на табелата од групата, со ефект од две победи и еден пораз. Натпреварите Македонија ги отвори со пораз од Грција со 1-0. Веќе во следното коло Македонија ја совлада селекцијата на домаќинот Велс со 1-0, а настапот во првата фаза беше заокружен со победата и над Шведска.

Во следната фаза од квалификациите, Македонија ќе игра против Португалија, Русија и Северна Ирска.

SHARE

LEAVE A REPLY