Претседателот Иванов за две минути ја завршил средбата со Заев и Димитров – Самиот ќе и се обрати на јавноста !

Претседателот Иванов го прекинал состанокот со премиерот Заев и со  министерот за надворешни работи, Димитров, на кој владините претставници требаше да го информираат за постигнатиот договор со грчкиот премиер Ципрас, пренесоа од владата.

Како што се наведува во соопштението, средбата траела само две минути, по што Иванов си заминал не сакајќи да слуша за содржината на договорот.

Од кабинетот на претседателот соопштија дека во текот на денов Иванов ќе има свое обраќање до јавноста.

LEAVE A REPLY