Штип и Параќин да бидат примерот за зајакнување на соработката меѓу Македонија и Србија

Македонскиот и српскиот народ , мора и треба потесно да соработувата и да бидат пример за заеднички економски развој. Ова денес во Штип го констатираа амбасадорката на Србија Душанка Дивјак-Томиќ и штипскиот градоначалник Благој Бочварски:

  • Развојот и напредокот на соработката меѓу двата народа е исклучително важна, особено во делот на економијата. Би требало да се охрабрат бизнисмени од Македонија да инвестираат во Србија и обратно, кажа Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Ваквата соработка во пракса можат да ја преточат општините Штип и Параќин кои најавија можност за збратимување:

  • Со збратимувањето се отвората многу можности првенствено за соработка меѓу младите, зашто така се стекнувата искуства и пријателства, но сре зајакнуваат и економските врски, изјави Душанка Дивјак-Томиќ, амбасадор на Србија во Македонија.

Економска соработка и развој на регионот е можна само со добра инфраструктурна повразност меѓу двете држави, нешто што во случајот на Македонија и Србија е речиси решено:

  • Инфраструктуро сме поврзани. Коридорот 10 е завршен од ваша страна, а ние имаме уште 20-тина километри кои наскоро ќе се завршат. кажа амбасадорката Дивјак-Томиќ.

На средбата меѓу амбасадорката и градоначалникот се разговараше и за други теми повразнаи со културната и образовна соработка, а беше констатирано и единство во стратешките определби на двете држави за евроатланските аспирации.

SHARE

LEAVE A REPLY